Иако последниве години во Македонија осетно се зголемува навиката и културата на супституција (надоместување) на витамини и минерали, ние сè уште сме далеку од скандинавските држави, Германија, Швајцарија... Имајќи сознанија дека не се земаат доволно витамини и минерали кои никако не можат да се внесат во оптимални дневни дози само со здрава и балансирана исхрана, решив да преземам нешто.

Научно е докажано дека јодот директно влијае врз растот на детето, имунитетот, функцијата на тироидната жлезда и директно е поврзан со „нивото“ на интелигенција. За време на бременост, јодот заедно со омега-3 и фолната киселина е директно одговорен за развојот на нервниот систем на плодот, а подоцна и за интелигенцијата и здравиот имунитет на детето. Но, за правилна искористеност на јодот неопходни ни се и оптимални дози на селен.

Кога веќе не можев да најдам идеален суплемент за моето семејство, дојдов до идеја сам да го „создадам“, односно да го формулирам тој препарат. Од почетокот мислев дека многу лесно ќе дојдам до готов производ, но ми требаше повеќе од една година за да го избалансирам составот, да одмерам и да ги споредам препораките на ЕФСА (Европската агенција за безбедност на храната) со националните, македонски препораки, како и да ги анализирам препораките на ФДА (САД) и Јапонската агенција за храна. Идејата беше да направам наш, македонски бренд со идеално избалансиран состав на минерали и витамини.

За мене беше многу важно ЗИМУНАЛ да ја покрие целата популација:

  • Сируп за децаод 1 до 8 години
  • Гумени бонбониза постари деца
  • Капсулиза возрасни
  • Капсулиза бремени жени

Вкупно 16 витамини и минерали во една капсула или во една лажичка сируп ги задоволуваат дневните потреби. Се зема само еднаш на ден.

Со гордост можам да споделам дека проектот Зимунал конечно го здогледува денот. Капсулите ЗИМУНАЛ за возрасни, спакувани во шишенце со 50 капсули, се веќе достапни на пазарот. Сирупот ЗИМУНАЛ треба да пристигне кон средината на септември, додека гумените бонбони и Зимунал за бремени жени се очекуваат кон крајот на годината.

Препорачувам со едно земање дневно да се внесува ЗИМУНАЛ – избалансиран суплемент кој е имуноподдржувач. Многу свесно во составот не се ставени супстанции кои го модулираат и/или го појачуваат имунитетот. За здрав имунитет е потребна имуноподдршка, а имуномодулатори и имуностимулатори треба да се даваат тогаш кога има присутна болест.

Исто така, препаратот намерно не е оптоварен со минерали како железо, бакар, хром или кадмиум – супстанции кои ги има доволно во секојдневната исхрана, а витамините од ЗИМУНАЛ ќе овозможат нивна правилна апсорпција и максимална искористеност во организмот.

Посакувам овој препарат да живее долго и заедно со него да се подобрува здравјето на луѓето.

Со почит, Проф. д-р Вело Марковски